Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Позитивниот тест со наод за присуство на коронавирус кај Харви Вајнстин предизвика паника во затворот кадешто тој ја отслужува затворската казна за сексуална злоупотреба, објави „Ројтерс“.
68-годишниот Вајнстин е во изолација во затворот Венде во Бафало, изјавил официјален претставник на полицијата. Истиот извор порачал дека неговите резултати од тестирањето пристигнале викендов и дека сега сите се загрижени за здравјето на затворските службеници , кој како што тој истакнал немаат заштитна опрема.
Неколку затворски службеници се веќе во карантин.
Вајнстин во средата бил пренесен во затворот со максимално обезбедување во Бафало, од затворот Рајкерс во Њујорк.
Богатиот продуцент инаку на 11 март поради сексуално злоставување и силување е осуден на казна затвор во траење од 23 години. Покрај Вајнстин во затворот Венде во Бафало на коронавирус се позитивни уште двајца затвореници.