Харви Вајнстин денес се предаде на њујоршката полиција (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Холивудскиот продуцентски могул Харви Вајнстин денес се предаде на полицијата во Њујорк поради обвинувањата за сексуални злоупотреби, објавија американските медиуми.

Тој беше уапсен поради голем број обвиненија, меѓу кои и за сексуални напади и силување, но Вајнстин негираше дека имал секс без согласност со било која од жените.

Harvey Weinstein surrenders to New York police on sexual assault charges from CNBC.

Ова е прв пат Харви да биде официјално обвинет, откако на големо почнаа да се откриваат неговите мрачни сексуални престапи. Сведочењата на жените кои тврдат дека Вајнстин сексуално ги злоупотребил го иницираа движењето #MeToo ширум цел свет, како симбол на борбата против сексуалната злоупотреба и напад.

Во тие рамки беа обвинети голем број славни личности, а американската филмска легенда Морган Фримен јавно се извини откако осум жени изјавија дека биле сексуално злоупотребени од него.

Кога станува збор за Вајнстин, засега е познато дека официјално е покренато едно обвинение по пријава на Луси Еванс, но не е познато уште колку жени се одлучија на таков потег.

Во ноември минатата година полицијата од Њујорк изјави дека ги истражува наводите од актерот Паз де ла Хуерте против Вајнстин. Поради таа афера која иницираше и други признанија, Вајнстин остана без работа во Холивуд, кариерата му беше уништена, а компанијата која ја поседуваше банкротираше.