Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Инспириран од легендарниот авантуристички роман „Повик на дивината“ на писателот Џек Лондон, Twentieth Century Fox ја пренесува на филмското платно приказната за кучето Бак.
Мирниот и идеален живот на Бак е целосно трансформиран кога е киднапиран и одведен во Јукон од неговиот дом во Калифорнија за време на златната треска од 1890-тите. Бак на Алјаска ја почнува неверојатната авантура и борба за живот за време на која ќе созрее, ќе научи за своето место во светот и ќе стане главното куче.
Рамо до рамо со Бак е Харисон Форд, актерска легенда чиј лик Џек Лондон, исто така, поминува низ неверојатно патување во кое се бори против пороците и гревовите на неговото семејство.
Кучето и човекот, стануваат најдобри пријатели во борбата за своето место под сонцето. Светската премиера на филмот се случи вчера вечерта.