Хари Костов тврди: „Многу скапо ми е, немам толку пари“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Челникот на Комерцијална банка АД Скопје вели дека нема интерес да стане сопственик на финансиски крахираниот некогашен гигент.

Главниот извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје, Хари Костов, не е заинтересиран да стане сопственик на металуршкиот комбинат „Фени“ од Кавадарци. Неговата банка е еден од тројцата кредитори на фабриката, па на прашањето дали е можно тој од кредитор, кому фабриката му должи, да стане нејзин сопственик, Костов одговори дека тоа му е прескапо.

„Немам пари да го купам Фени. Фабриката има долг од 60 милиони евра, од кои 40 кон банките, 20 кон други доверители и уште 5,5 милиони евра кон УЈП. Јас немам толку пари, а ако некој покаже дека до девето колено некој од моето семејство има интерес во ‘Фени’, јас сам ќе се пријавам во полиција“, рече директорот Костов.

Негов интерес, како што вели, е што побргу да се најде инвеститор за „Фени“, кој ќе го отплаќа долгот кон банките, ќе го сервисира долгот кон другите доверители и ќе обезбеди материјали за работа на фабриката.