Хари имаше многу девојки пред Меган, но оваа секси плавуша беше најблиску до брак


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Британскиот принц Хари со години беше еден од најпосакуваните ергени на светот. Освен титулата, жените го обожаваа и неговиот немирен дух, но и волјата и желбата за постојано забавување.

Многу девојки сакаа да му се приближат, а на некои од нив тоа им успеа. На една или неколку вечери, секако.

Неговите официјални љубовни врски, како и сите љубовни авантури со години ги полнеа страниците од медиумите, а во јавност често излегуваа и детали од неговите „швалерски“ аздисувања.

A post shared by chelsydavy (@chelsydavy) on

Се дружеше, па и спиеше, со манекенки, актерки, пејачки, а во еден периоди со поп ѕвездата Ели Голдинг.

A post shared by chelsydavy (@chelsydavy) on

Сепак, освен Меган Маркл, која му го стави и вереничкиот прстен, „најдолговечна“ кај него беше Челси Дејви. Парот се запозна во нејзината родна Јужна Африка, а врската ја продолжија кога таа се запиша на факултет во Лондон.

A post shared by chelsydavy (@chelsydavy) on

Беа заедно од 2004 до 2010 година и таа беше девојка со која Хари беше во врска најдолго време. Јавноста и кралското семејство веруваа дека бизнисменката ќе се омажи за принцот.

A post shared by chelsydavy (@chelsydavy) on

„Лудо е, застрашувачки и многу непријатно“, опиша еднаш секси плавушата како го доживува јавното внимание кое го доби бидејќи нејзиниот дечко беше принц. После раскинувањето останаа во добри односи, а Челси беше и на венчавката од неговиот брат Вилијам.