Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако беа одбиени сите амандмани поднесени од Демократскиот фронт во врска со законот за слобода на вероисповед, во црногорското Собрание изби конфликт после кој црногорскиот премиер Душко Марковиќ, како што пренесуваат црногорските медиуми, избегал од салата.
Седницата била прекината и претседателот на Собранието на пратениците им дал пауза.
Сите 17 пратеници од опозицијата биле уапсени синоќа, после инцидентот во Собранието. Пратеникот Милан Кнежевиќ е повреден, додека останатите пратеници се добро.
Низ цела Подгорица во текот на денот имаше блокади токму поради расправата која се водеше за Предлог-законот за слобода на вероисповед, според кој во државна сопственост се сите верски објекти и земјишта кои ги користат верските заедници на територија на Црна Гора, а кои се изградени или набавени од јавни приходи од државата или биле во државна сопственост и за кои нема докази за правото на сопственост.