Хаос во Лас Вегас: 20 мртви, повеќе од 100 повредени (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во Лас Вегас најмалку 20 луѓе убиени, а повеќе од 100 се ранети кога наоружан напаѓач отворил оган на собир на кантри-фестивал.

Од полицијата изјавуваат дека напаѓачот е убиен, како и дека веруваат дека се работи за локален убиец.

Тие додаваат дека во тек е и потрага по жена по име Мариоу Денли која била со него во соба, а во моментот на напад била во казиното близу настанот.

Си-Ен-Ен јавува дека напаѓачот од 32 спрат од хотелот пукал во маса од преку 30.000 луѓе.

Нападот се случил за време на фестивалот „Route 91 – Harvest“ во близина на познатиот хотел и казино „Менделеј Беј“ во Лас Вегас.

На друштвените мрежи објавена е снимка на која се гледа како повеќе илјади луѓе бегаат од местото на настанот, како и снимка од концертот на која во позадина се слушаат пукотници.

Репортерката која јавуваше во живо за „CBS“ вели дека сведоците изјавуваат дека гледале мртви тела околу себе. Како и според сведоците на настанот напаѓачот од високо, веројатно од прозорецот на хотелот, пукал со автоматско оружје.

Медиумите јавуваат дека сеуште не се знае дали се работи за еден или повеќе напаѓачи.

„Избегнувајте го подрачјето, истражуваме што се случува“, јавуваат од полицијата, додека пак потпаролот Даните Коен вели дека во болница се најдуваат неколку лица со прострелни рани.

Поради пукотниците во Лас Вегас затворен е дел од автопатот „Interstejt 15“, како и дел од аеродромите.

Мотивите за напад се непознати.

„Имаше концерт, слушнавме нешто како петарди, но потоа сфативме дека се работи за пукотници. Луѓето почнаа да вриштат и викаат… Кога престанаа да пукаат почнавме да трчаме што подалеку. Мислам дека има многу ранети“, вели еден од сведоците на настанот.