Хаос во Барса: Меси полуде на Нејмар и Енрике!?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кратко траеше идилата во соблекувалната на Барселона после историската победа над ПСЖ во Лигата на шампиони. Веќе следниот натпревар донесе пораз и пад од врвот на Примера.

Барса прв пат после девет години загуби во Ла Коруња, а во тимот на Каталонците го немаше Нејмар. Официјалното објаснување беше дека се повредил против ПСЖ, а неофициално е дека тренерот Луис Енрике му дал одмор бидејќи Бразилецот беше херој во историскиот пресврт.

Во меѓувреме Нејмар објави фотографии од прославата на роденденот на својата сестра Рафаеле, а потоа се појавија информации дека уште еднаш го излагал клубот. Имено, претходните две години пред нејзиниот роденден „намерно“ добиваше 5-ти жолт картон за да може да паузира и да стигне на забавата. Овој пат не можеше да се „извади“ со жолт картон, па се „повреди“.

Eu te amo ❤️ 11/03/1996 – data mais que especial na minha vida! @rafaella

A post shared by Nj ?? ? neymarjr (@neymarjr) on

Соблекувалната и пред поразот во Ла Кориња лошо го прифати отсуството на Нејмар, а посебно тоа тешко му падна на Меси, откриваат шпанските медиуми. Аргентинецот не ни помислува да замине во татковината, а на Бразилецот тоа му се дозволува на средина од сезоната. Поради тоа Меси е лут на Нејмар, но и на тренерот кој му допушта такво однесување.