Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јувентус синоќа со минимални 1:0 го совлада Интер во дербито на Италија, но на Апенините не спласнуваат полемиките за арбитражата на Рицоли.
Готово секогаш кога играат Јувенту и Интер присутни се полемиките, а овој пат „нероаѕурите“ се тое кои протестираат против „лошата“ арботража. Тренерот Пиоли го обвини судијата Рицоли дека не досудил два пенали во нивна корист.
„Во првото полувреме имаше неколку одлуки во шеснаесетникот на Јувентус кои беа против нас. Добро се движевме, создававме шанси, требаше да добиеме два пенали, дополнителниот судија беше на дваесетина сантиметри, но не реагираше“, истакна стратегот на Интер, алудирајќи на стартовите на Киелини и на Манџукиќ над Мауро Икарди.
И Мауро Икарди го загуби нервите на самиот финиш од натпреварот, па после последниот свиреж ја шутна топката кон судијата Рицоли, па можно е да биде казнет поради тоа.
"Chi ha tirato la palla?" #JuveInter #Rizzoli pic.twitter.com/kjgB0MTipt
— Marco Simonelli (@marsimonelli) February 5, 2017