Хаос на натпреварот помеѓу Химназија и Бока Јуниорс: Судир меѓу полицајците и навивачите – има и загинати (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Само неколку дена по трагедијата во Индонезија се случи нов хаос на фудбалски натпревар, овој пат во Аргентина.

Медиумите утрово пренесуваат дека на вчерашното дерби помеѓу Химназија и Бока Јуниорс се случил голем хаос, а најмногу била виновна полицијата. Натпреварот беше прекинат после само девет минути игра и засега не е одлучено кога ќе се игра повторно.

Нередите започнале помеѓу фановите и полицијата пред стадионот. Полицијата на стадионот употребила солзавец кој завршил на самиот терен и меѓу фановите кои стигнале до трибините. Целата ситуација ескалирала надвор од стадионот, а глетките биле страшни. Според информациите кои се пренесуваат имало и загинати.