Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Јужноамериканското дерби помеѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за пласман на СП е прекинато поради прекршување на протоколите за Ковид.
Имено, Бразил наложува карантин за сите патници од Британија, а со оглед дека во селекцијата на Аргентина има четворица играчи кои доаѓаат од Премиерлигата беше утврдено дека го прекушиле протоколот.
Станува збор за играчите на Аргентина, Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо, Кристијан Ромеро и Еми Буендиа кои наводно дале погрешни информации, а кога им биле проверени пасошите било утврдено дека не го испочитувале протоколот.
Brazilian police have arrived at the Brazil vs Argentina World Cup qualifier to detain all 4 Argentinean players that arrived from England and lied to enter the country, madness.
— SuZe Sport (@SportySuz20) September 5, 2021
Агенти на министерството за здравство влегоа на терен во почетните минути и тргнаа да ги „ловат“ споменатите играчи.
Натпреварот беше најпрво прекинат, а потоа ФИФА одлучи истиот да не продолжи.