Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Протестите предизвикани од најавата за пензиската реформа во Франција предизвикаа хаос и насилство на улиците во кои се повредени голем број полицајци. Уапсени се над сто демонстранти, пренесува Дојче Веле.
На протестите против пензиската реформа во Франција- излегоа стотици илјади луѓе. Во Париз, Лион и Нант дојде до судири со безбедносните сили.
Според медиумски извештаи, во Лион се оштетени продавници. Во Нант полицијата употреби солзавец при судирите со демонстрантите.
Во Париз, пак, демонстрантите упаднаа во објект на БлекРок и таму запалија пиротехнички материјали. На протестите се запалени и контејнери за отпад, велосипеди и автобуски станици.
Според наводи на Министерството за внатрешни работи, во безредијата се повредени 154 полицајци. Меѓу нив има и тешко повредени. Освен тоа, соопштено е дека се уапсени 111 демонстранти.
На протестите против кревањето на границата за пензионирање од 62 на 64 години, според официјални наводи, излегле околу 570.000 луѓе. Минатата недела, според француското МВР, протестирале над 740.000 луѓе.
Одлуката за пензиската реформа во Франција е веќе донесена, но сѐ уште не стапила во сила. Претседателот Емануел Макрон сака тоа да се случи до крајот на годината. Во моментов за тоа расправа Уставниот совет. Неговата одлука се очекува на 14 април.