Home Шоубизнис Хана Хаџиавдагиќ: „Да, со сето срце навивам за Хрватска! Да, со сето срце навивав за Србија!“

Хана Хаџиавдагиќ: „Да, со сето срце навивам за Хрватска! Да, со сето срце навивав за Србија!“

Познатата босанска водителка и бизнисменка, истовремено и една од најпопуларните БиХ личности на социјалните мрежи, синоќа ја прослави победата на Хрватска против Данска на улиците од Загреб, а навивачката атмосфера од почетокот на натпреварот редовно ја споделуваше со своите обожаватели преку Instagram Story.

Но, освен славеничкиот амбиент во главниот хрватски град, Хана со своите обожаватели сподели и важна порака која ја упати до сите Балканци.

„Да, дете сум на воено Сараево. Да, со сето срце навивам за Хрватска. Да, со сето срце навивав за Србија. Запамтете, ако сте затруени со омраза, никогаш нема да бидете среќни во животот. Отворете ги малку прозорците од вашите затворени мозоци, бидејќи животот е убав толку колку што си добар комшија“, порача Хана преку Инстаграм со објава која наиде на огромна поддршка и симпатии кај нејзините обожаватели.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …