ХАН: Законот за јазици не е ПРИОРИТЕТЕН!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан практично ги демантираше аргументите на владејачките партии СДСМ и ДУИ кои Предлог законот за јазиците со кој Македонија ќе стане двојазична, го ставија под т.н. европско знаменце, со цел опозицијата да не може да го опструира.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, на денешната прес конференција по средба со премиерот, Зоран Заев и порача на Владата дека Законот за употреба на јазиците не е приоритетен и не е од национален интерес. Наместо тоа, рече тој, Владата треба да се фокусира на реформските приоритети кои се услов за преговори со ЕУ.

-Мислам дека ова е разумно барање, но како што кажав и во билатералните разговори денеска, мислам дека властите треба да направат приоритет, да ги определат како приоритетни оние области каде што ќе добијат позитивни оценки. Ако се усвои законот за јазик во следните неколку недели, врз основа на препораките од Венеција комисија тоа е во ред, меѓутоа е важно Владата и другите фактори во земјата да се фокусираат на законите и условите релевантни за добивање позитивна препорака. Законот за јазици не е дел од она што е договорено во овој контекст. Во Брисел се залагаме за тоа. Приоритетите треба да се дефинираат според националните интереси – рече Хан.

Тој ја пофали Владата дека постигнала многу изминатиов период во планот за реформи, но дека е важно да се истрча, како што рече, последниот километар.

-Има промени во земјата кон напредок, служите како пример во регионот. Се надеваме дека на почетокот од следната година ќе се овозможат услови за позитивна препорака за следниот чекор во преговорите. Сега сме повеќе сигурни од минатото дека нашите држави членки ќе дадат одобрување за ваква препорака. Работите одат во добра насок, но треба уште да се работи. Реформи на разузнавчките служби, судството, администрацијата, потребни се конкретни резултати – рече Хан.

Еврокомесарот испрати порака и до опозицијата, дека треба да биде конструктивна во исполнување на националните интерси. И порача и дека не е наивен.

-Важно е и опозицијата да ја одигра својата улога и да биде одговорна. Не сум наивен иако се трудам да ја зачувам наивноста. Ако евроатланската перспектива е цел од национално значење и ако е тоа национален интерес, очигледно е дека целта може да се постигне доколку сите одат во ист правец. Затоа сите опозициски партии ги потикнувам да ја одиграат својата улога. Нивната улога е да бидат дополнително критични, но и конструктивни за да се постигнат сите рокови и датуми со цел да се постигне потребниот напредок – порача тој.