Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Власта и опозицијата мора да се фокусираат на имплементација на итните рефоримски приоритети и на Договорот од Прижино за да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за European Western Balkans.
Тој рекол дека испраќа експерти во Македонија за да го следат развојот и да ја советуваат новата влада за системиски прашања поврзани со владеење на правото.
„Како што и најавив, испраќам експерти за владеење на правото назад во Скопје за да го следат развојот на настаните во врска со препораките од 2015 година и да ја советуваат новата Влада за системски прашања поврзани со владеење на правото. Мисијата веќе беше во Македонија на 27 јуни, кога водачот на тимот Рајнхард Прибе го посети Скопје. По неговата посета целиот тим ќе го посети Скопје од 17 до 21 јули“, рекол Хан.
Во врска со спорот за името, тој рекол дека ЕУ е подготвена да помогне во изнаоѓање решение.
„Важно е да се пронајде заеднички прифатливо решение за спорот околу името и за патот кој ќе води напред. ЕУ е подготвена да го помогне овој процес кој се води под покровителство на ОН и да ги олесни контактите ако е потребно“, вели еврокомесарот Хан.