Хан: Унгарија ја поддржува Македонија за во ЕУ, ама не ја смета за безбедна – ќе барам објаснување од Орбан


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еврокомесарот Јоханес Хан, задолжен за проширување на Европската унија, преку неговиот официјален Твитер профил порача дека доколку е потврдена информацијата за одобрениот азил за Груевски од страна на Унгарија, од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основите на азил.

„Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите членки и земјите кандидати на ист начин. Клучно е за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што Унгарија поддржува членство во ЕУ за Македонија, но, не ја смета за безбедна“, напиша Хан.

Сепак, Европската комисија сѐ уште не се произнела јавно за овој случај. Што се однесува до Европскиот Парламент, само политичките партии на Зелените и на Социјалдемократите излегоа со реакции. Земјите членки на ЕУ исто така не искоментирале за случајот.