Хан: Сторителите во „Рекет“ да бидат изведени пред лицето на правдата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По неколку дена молк, конечно реакција од еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. Тој на Твитер порача дека никој не е над законот и не може да има неказнивост.

„Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша Хан на Твитер.