Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан смета дека Русија на Балканот е само воен, но ни е економски фактор, пренесува Al Jazeera.
„Русите нас малку не нервираат и тоа е се што прават“, рекол Хан во интервју за виенскиот дневник Standard, наведувајќи дека ЕУ би требало да има поголема самодоверба, и да се занимава со своето влијание, но и да стои како „зајак пред змија“.
На прашањето колку е важно Западен Балкан да биде помалку зависен од руските енергенси, Хан одговорил дека зависноста од руската енергија е „зачудувачки ниска“.
„Во Србија се работи само за десет проценти од вкупната потрошувачка и тука веќе се создава некаков имиџ. Во Србија, Австрија е најголемиот инвеститор, инвестирала четирикратно повеќе отколку Русите. Русија е само воен, но не и економски фактор и тоа мора да се потенцира“, нагласува Хан.
Австрискиот еврокомесар рекол дека загриженоста на ЕУ поради Балканот не е поради влијанието на Русија, туку поради етничките тензии и нестабилноста.
„Јасно е дека нестабилноста може да биде поттикната и од трети страни од различни краеви и канали. Тоа само ја поттикнува понатамошната „домашна“ нестабилност. ЕУ има интерес во своето непосредно соседство да владее стабилноста“, рекол Хан.