Хан порачува: ЕУ членките се понаклонети кон Македонија отколку кон Албанија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што се доближува клучниот октомври, кога и официјално ќе биде објавено дали земјава ќе ги почне преговорите со Европската Унија годинава, судејќи според расположението кај членките на ЕУ, но и според изјавите и пораките кои ги испраќаат клучните луѓе за овој процес, се поизвесно е сценариото Македонија да биде одделена од Албанија.

Во тој контекст оди и изјавата на секогаш умерениот Еврокомесар за проширување Јоханес Хан, која во интервју за австрискиот „Стандард“ отворено потенцира дека Македонија направила голем прогрес во реформирањето на државата, за разлика од нашиот западен сосед, кај кој политичката криза и нефункционалните институции се причина да назадува во „борбата“ почеток на преговори со ЕУ.

„Не е тајна дека расположението меѓу земјите членки за Северна Македонија е едноставно подобро. Двете земји ги исполнија критериумите што ЕУ ги има поставено како услов. Затоа дадовме препорака за двете земји. Но, Северна Македонија не само што ги исполни бараните реформи туку ги постигна и историскиот Преспански договор и Договорот за пријателство со Бугарија. Кај Албанија, за жал, во преден план се појавија проблеми: опозицијата не им е во Парламентот, Владата има проблеми да го одржи дијалогот и покрената е процедура за отповикување на Претседателот, рече Хан.

За можноста од одвојувањето на двете земји веќе извесно време зборува и Холандија, која има големи замерки за тоа во каква насока се движи официјална Тирана, а и тамошниот парламент изгласаа, дека тие се против почеток на преговорите со Албанија. Во интервјуто Хан не штеди зборови за пофалба на „Преспанскиот“ договор, како модел како во иднина на европски начин би се решавале проблемите на Балканот. Токму овој договор полека но сигурно го прифаќа и новата грчка влада. Се поголем број министри, вклучувајќи го и премиерот Мицотакис, за разлика откога беа во опозиција кога беа најгласни, а и организираа протести против договор, сега на грчката јавност им кажуваат дека тој е реалност кој мора да се прифати. Мицотакис во своето последно интевју кажа дека тие нема да застанат на патот замјава кон ЕУ, но и дека тоа ќе биде под некои услови, без да открие кои се тие.