Актуелно

Хан им порача на политичарите: Не играјте си со оган, брзо формирајте Влада

Веднаш по завршувањето на последната средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, со соопштение се јавија од Европската Комисија од каде порачуваат дека мора да се почитуваат резултатите од изборите.

Го охрабруваме претседателот итно да ја преиспита својата позиција. Нема време за губење. Сега очекуваме сите политички лидери и институции да овозможат одвивање на демократскиот процес во интерес на граѓаните на државата. Одложувањата во изминативе неколку месеци веќе предизвикаа штета на економијата на државата, се вели во заедничкото соопштение на еврокомесарот Хан и европратениците Кукан, Вајгл и Флекенштајн.

Повикаа на брзо формирање на нова влада која ќе ги спроведе реформите и им порачаа на партиите и на новата влада продолжување на имплементацијата на сите делови од договорот од Пржино.

Ги повикуваме учесниците во процесот да се воздржат од било какви акции или изјави кои би можеле да ги разгорат меѓу етничките односи и да ги поткопаат добрососедските односи. Никој не треба да си игра со оган. Длабоко сме загрижени поради зголемените тензии и говорот на омраза. Слободата на собирање и слободата на изразување се основни права во демократските општества.

Европратениците побараа од лидерите да покажат одговорност и да се овозможи брзо формирање на нова и солидна и им порачаа дека тоа е единствениот начин за да се вратат на патот кон Европската Унија.

Advertisements
To Top