Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан и тројцата европратеници Едвард Кукан, Иво Вајгл и Кнут Флекенштајн денеска ќе престојуваат во Скопје и ќе имаат средби со лидерите на парламентарните политички партии и со претседателот Ѓорге Иванов.
Целодневната агедна почнува по координативниот состанок на пратеничките групи за продолжување на Конститутивната седница во Собранието.
Агенда:
12.40, средба со Мендух Тачи, ДПА
13.00, средба со Билал Касами, Беса
13:50, средба со Зијад Села, Алијанса за Албанците
14.55, средба со Али Ахмети, ДУИ
16.10, средба со Зоран Заев, СДСМ
17.45, средба со претседателот Ѓорге Иванов
20.15 – средба со Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ
21.45, Изјава за медиумите на Хан и на европарламентарците
Хан и европратениците нема да се сретнат со претставници на граѓанското општество, потврди вчера портпаролката на Европската Унија Маја Коцијанчич.