Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, од Штип упати порака и апел до граѓаните на Македонија дека секој глас се брои и сите да излезат на референдум и да го искористат своето гласачко право.
Тој како што вели е сигурен дека референдумот ќе успее но сепак одлуката вели а на граѓаните, а политичарите ќе треба да ја почитуваат.
Граѓаните да го искористат своето демократско право и да излезат на референдум, порача еврокомесарот за проширување Јоханес Хан од Штип. Тој како што вели е сигурен дека референдумот ќе има позитивен исход но одлуката е граѓаните и политичарите ќе треба да ја почитуваат.
„Најважно е граѓаните да го искористат нивното демократско право и да учествуваат на референдумот бидејќи секој глас се брои. Ова треба да биде особено јасно дека се работи за фундаментално прашање. Многу сум сигурен дека ќе има позитивен исход, но сепак се работи за одлука на граѓаните на земјава која треба да се почитува. Но потоа политичарите треба да ги донесат своите одлуки и да ги донесат заклучоците“, изјави Јоханес Хан – Еврокомесар за проширување на ЕУ
Хан утринава во Скопје зборуваше на дебата посветена на состојбите со медиумите во земјите од Западен Балкан. Посочи дека за граѓаните да донесат правилна одлука како ќе гласаат на референдумот, медиумите треба реално да информираат за Договорот со Грција и последиците кои ги носи со него.
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Арлен Дезир рече дека постои напредок кај западнобалканските земји, но сепак загрижуваат нерасчистените случаи на напади врз новинари.
Премиерот Зоран Заев вели дека е во постојана комуникација со МВР од каде очекува Секторот за внатрешна котрола иако со задоцнување да прибере докази и да ги расчисти сите случаи на нападнати новинари.
Хан порача и дека секое несанкционирање на нападнатии новинари е на штета на репутацијата на секоја земја а особено негативно ќе се одрази на нејзиниот пак кон Европската Унија.