Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Капитенот на Наполи, Марек Хамшик, е среќен што е намалена разликата со лидерот Јувентус и шѕто титулата ќе се одлучува во директна пресметка следното коло.
„Небесносините“ двапати заостануваа во против Удинезе синоќа, но победија со 4: 2, па го искористија киксот на Јувентус против Кротоне.
„Во еден момент за време на натпреварот заостанувавме 9 бода зад Јувентус, а сега сме само 4. Покажавме карактер и успеавме да ги свртиме работите во наша корист“, истакна Хамшик.
„Од утрово ние размислуваме само за Јувентус. Знаеме дека нашиот натпревар против нив ќе биде многу важен и ќе има големо влијание за крајот на сезоната. Мислам дека можеме да ја освоиме титулата“, рече Хамшик.