Хамшик е „блокиран“ – причината е Марадона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марек Хамшик оваа сезона игра далеку од својата препознатлива форма, а причината е само една – Диего Армандо Марадона.

Капитенот на Наполи, откако се доближи на само еден гол до рекордот на легендарниот Аргентинец, не може да постигне гол.

Словакот за Наполи има постигнато 114 гола и само гол му недостасува да се израмни со Марадона, но сезонава има постигнато само еден гол.

„Рекордот на Марадона има влијание, тоа е нормално. Треба што поскоро да го израмни рекордот. Мој совет е да го шутира следниот пенал кој ќе биде досуден за Наполи за да си ја разбистри главата“, изјави менаџерот на Хамшик, Мартин Петрас.

Наполи утре игра против Манчестер Сити во Лигата на шампиони, па тоа ќе биде иделана прилика за Хамшик да испише нова историја на италијанскиот клуб.