Хамилтон го продаде својот луксузен болид Pagani Zonda


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Седумкратниот шампион во Формула1, Луис Хамилтон, „бесниот“ автомобил го купи во 2014 година, кога за него платил околу 1,5 милиони фунти.

Сепак, иако е еден од најдобрите хиперспортски автомобили, Хамилтон не го користел многу болидот на Pagani. Наводно, автомобилот имал поминато помалку од 1000 km во моментот на продажбата.

Станува збор за навистина посебна изведба на името 760, чиј број на примероци може да се изброи на прстите на двете раце. Барем кога станува збор за примероци произведени од нула, а не преработени врз основа на постоечкиот модел. Автомобилот бил во Монако, а новиот купувач наводно веќе го преселил во Британија, во северозападниот дел на земјата во близина на Манчестер.

Да потсетиме, Хамилтон беше снимен зад воланот на Zonda во 2015 година, а автомобилот имаше дури и мала сообраќајна несреќа.

760LH се напојува со 7,3-литарски атмосферски AMG мотор. V12 испорачува 760 КС и 780 Nm со совршен звук, а овој е опремен со шестстепен мануелен менувач. Хамилтон изјавил дека болидот е „страшен за возење“, но и дека е „болид со најдобар звук“во неговата колекција.

Хамилтон, инаку, може да се пофали со импресивна лична автомобилска колекција. Покрај најрадикалниот автомобил на денешницата, Mercedes-AMG One, Хамилтон има и две LaFerrari, McLaren P1, Mercedes-AMG GTR, па дури и ѕвер со шест тркала – Mercedes Benz AMG G63 6X6. Во секој случај, сигурно е дека заработил сериозни пари од продажбата на Pagani.