Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Популарната холивудска актерка Хали Бери, по којзнае кој пат, уште еднаш го собра сето внимание и ги остави присутните без зборови на црвениот тепих од промоцијата на календарот на Pirelli за 2019 година, пленејќи со својот фантастичен изглед и заводливост.
52-годишната убавица, која во речиси 30 годишната кариера не направила ниеден гаф на црвениот тепих , се најде во средиштето на вниманието во Милано. Таа се појави во фустан со опасно длабоко деколте и со тантели од норвешката модна куќа Aadnevik.
Не помина незабележан ниту високиот шлиц на фустанот во пастелни бои , кој ги истакна нејзините совршени нозе.