Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иако Оскаровката Хали Бери има 51 година, според нејзиниот физички изглед и енергијата со која зрачи, тешко кој би типувал дека има толку години. А за тоа благодарна може да биде на своите гени, но и на грижата за нејзината физичка кондиција.
А една од дисциплините кои ги обожава и практикува Бери, очигледно е„ разголената“ јога, бидејќи Хали често ја промовира истата преку фотографии на Инстаграм. Таа се пофали со нова јога поза, облечена само во гаќички, без ништо друго на себе.
„Горда сум што со вас можам да споделам нова јога поза. Благодарение на вас, се инспирирав и предизвикав себеси на стој на глава“, напиша актерката во коментарот. А додаде и малку објаснување за корисноста од јогата, особено медитацијата, за кои вели дека биле од огромна помош за таа да биде посреќна и покреативна.