„Халал нет“ – Иран прави сопствена верзија на интернет


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иран планира да направи сопствена, потполно локално контролирана верзија на интернет, а ќе го носи името „Халал нет“.

Целта на ова е да одржи строго-контролиран проток на информации во јавност, пренесува Индепендент. А тоа се случува во време кога оваа азиска држава одбележува 40 години од Исламската револуција, по која започна теократско владеење.

Во текот на претходните 4 години, наводно, мастите ја охрабрувале широката употреба на интернет меѓу Иранците, со надеж дека ќе извлечат корист од модерната економија.

Меѓутоа, како резултат на тоа, скоро половина од популацијата во своите џепови имаат „оружје“ кое државата пробува да го ограничи, а тоа се паметните телефони.

Паметните телефони, наводно, помогнале во ѓирењето на протестите кои избиле ширум Иран оваа година. Истражувањата покажале дека во текот на 2014 година два милиони Иранци имале по еден паметен телефон, а се проценува дека тој број е пораснат на 48 милиони.