Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според написите на TMZ, богатата наследничка Парис Хилтон била мета на хакерски напад, при кој биле украдени нејзини разголени фотографии и пари.
Хакерката со име Paytsar Bkhchadzhyan, била активна помеѓу 2015 и 2017 година, а освен од богатата наследничка, крадела од уште две лица.
Судејќи според документите кои на увид ги има таблоидот TMZ, Paytsar ги хакирала банкарските сметки на Хилтон и ја користела нејзината кредитна картичка за резервација на новогодишна забава на крајот од 2015 година во холивудскиот хотел Roosevelt.
Од FBI известуваат дека само таа вечер Paytsar Bkhchadzhyan потрошила 40.000 долари, а се наведува дека онлајн се претставувала како Парис и од својот асистент барала 80.000 долари.
Го хакирала и таткото на Парис, Рик Хилтон, но и сестрата Ники, во обид да обезбеди лозинки од другите сметки.
Хакерката беше уапсена во 2017 година и ја призна вината, а денес ја чека судење. Сојузниот обвинител препорачува казна од 57 месеци затвор и обештетување на жртвите во висина од 318.535 долари.