Home Актуелно Хакерски напад на веб-страната од Министерството за здравство

Хакерски напад на веб-страната од Министерството за здравство

Официјалната веб-страница на Министерството за здравство не функционира. Надлежните служби од министерството соопштија дека станува збор за хакерски напад.

Од МЗ соопштија дека не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.

„Во моментов се истражува што точно се случило, како и за колку време ќе се реши проблемот за што дополнително ќе информираме“, соопштија од МЗ.

Од синоќа не функционира ниту сајтот на Министерството за образование и наука, но од таму нема информација за што станува збор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…