Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најгледаното видео во историјата на YouTube, спотот на песната „Despacito“ на Луис Фонси, беше избришан од страна на хакери.
Само пет дена откако беше претставено како првото видео кое досега достигнало до 5 милијарди прегледи, снимката исчезна од платформата.
This is the first time I get to see a @YouTube account compromised ( @LuisFonsi‘s) and a title changed on his 5-billion-views’ hit, “#Despacito“. pic.twitter.com/4UHUf02Ty2
— Gianluca Varisco (@gvarisco) April 10, 2018
Наместо оригиналното видео, се појавуваат маскирани лица со пиштоли кон камерата, што не е дел од видеоспотот за песната. Според ова, YouTube и Vevo се најверојатно мета на хакерски напад.
Покрај Фонси, погодени се уште неколку изведувачи, меѓу кои и Шакира, Селена Гомез, Тејлор Свифт и Дрејк. Оригиналните видеа се објавени од Vevo.
Хакерите, кои себеси се нарекуваат Prosox и Kuroi’sh напишаа „Слобода за Палестина“ над видеата.