Home Актуелно Хајрулахи едногласно избран за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје

Хајрулахи едногласно избран за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје

Советот за Јавни обвинители денеска едногласно го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје.

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека Хајрулахи е позитивно оценет со 23 поени.

Членот на Советот на ЈО Арбер Исаку, посочи дека Хајрулахи кој во изминатите четири години ја вршел оваа функција и покажал резултати, и со неговиот избор само уште повеќе ќе се подобрат состојбите на подрачјето на Вишото јавно обвинителство.

За шеф на Вишо јавно обвинителство Гостивар, Советот на ЈО го избра Фарик Арслани.

Во трка беа тројца кандидати Деса Пауновска (четири гласа за, еден против и тројца воздржаи), Душица Димитриевска (два гласа за, четири против и двајца воздржан) и Фарик Арслани (седум гласа за и еден воздржан). На дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители, беше и одлука за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во ОЈО ГОКК, но беше одложена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…