Хаг му досуди десет години затвор на Шешељ


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според второстепената одлука за судскиот процес против Војислав Шешељ, нему му се досудени 10 години затворска казна.

Жалбениот совет на судот во Хаг ја објави второстепената одлука во судскиот процес против лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, кој со првостепената одлука од 2016 година беше ослободен од сите обвиненија на Хашкиот трибунал.

Шешељ од второстепената комисија е осуден на 10-годишна казна затвор, но затоа што тој во притвор одлежа повеќе од 10 години нема да ја издржува казната и засега е слободен човек.

Шешељ претходно објави дека нема да оди во Хаг за да присуствува на изрекување на второстепената одлука.

Судскиот совет на Хашкиот трибунал, предводен од судијата Жан-Клод Антонети, го ослободи Шешељ по сите девет точки од обвинението на 31 март 2016 година, во кои беше обвинет за поттикнување на воени злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина за време на воени конфликти, како и за протерување на Хрвати од Војводина.