Хадид уапсена заради марихуана


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светски познатата манекенка Џиџи Хадид е уапсена заради поседување марихуана и реквизити за дрога, пренесуваат светските медиуми.

Џиџи беше уапсена откако минатата недела летала од САД до Кајманските Острови. Имено, таа на 10 јули пристигнала со приватен авион на меѓународниот аеродром Овен Робертс и со багажот поминала на царина.

Агентите на царината и граничната заштита ја поминале нејзината чанта низ скенер и рачно ја пребарале, каде што нашле „мала количина марихуана и реквизити за пушење“.

Утврдено е дека марихуаната е „само за лична употреба“, иако Хадид и нејзиниот придружник биле уапсени под обвинение за увоз на марихуана и реквизити од канабис.

Џиџи беше процесуирана во притворен центар на Кралските Кајмански Острови – каде беше договорена кауција и подоцна ослободена, до кривичното гонење.

Таа, исто така, беше казнета со 1.000 долари и наводно нема осуди во нејзиното досие.