Гвардиола: Загрижен сум, никогаш не сум бил во ваква ситуација


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не е сигурен дека неговиот тим во продолжение на сезоната може подеднакво добро да игра на сите четири фронта.

„Граѓаните“ се неприкосновени лидери во Премиер лигата, но имаат обврски и во Лигата на шампиони, ФА Купот и Лига Купот.

„Не знам дали можеме да играме во четири натпреварувања. Загрижен сум бидејќи не можеме да играме на секои три дена. Никогаш не сум бил во таква ситуација. Сум играл во три натпреварувања, но на четири никогаш“, изјави Гвардиола.

Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на шампиони ќе се сретне со Базел.
„Во тоа натпреварување нема еден, туку два натпревари. Притоа, можни се и продолженија. Не е добро“, заклучи каталонскиот стратег.