Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола лично се сретнал со плејмејкерот на ПСЖ, Адриен Рабио, за да го убеди Французинот да се пресели на „Етихад“ следното лето.
Иднината на Рабио е главна тема веќе подолго време бидејќи договорот на 23-годишниот фудбалер со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а ќе може да потпише преддоговор со нов клуб уште во јануари.
Тоа го прави Рабио интересен за многу европски гиганти кои буквално се „тепаат“ за неговиот потпис.
Француските медиуми откриваат дека Гвардиола лично се ангажирал да го убеди Рабио да го избере токму Манчестер Сити. Се тврди дека двајвцата имале средба минатата недела и дека поминала во позитивна атмосфера.
Барселона, Милан и Јувентус исто така покажуваат сериозен интерес за младиот Французин.