Гвардиола смисли генијален план како да го „украде“ Гризман


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Манчестер Сити оваа сезона игра фантастично, но Гвардиола сака додатно да го засили тимот и веќе прави планови за идните трансфери.

Откако ја загуби битката за Алексис Санчез, прва желба на каталонскиот стратег е Антоан Гризман, а англиските медиуми тврдат дека Гвардиола има план како да дојде до потписот на Французинот.

Имено, Гвардиола е спремен да направи мега размена со Атлетико Мадрид. Тој на „јорганџиите“ ќе му го понуди Серхио Агуеро и пари, за во замена да го добие Антоан Гризман.

Гризман беше блиску до Манчестер јунајтед, но сега Барселона е во пол позиција да го ангажира Фрнцузинот, а Гвардиола ќе се обиде да го убеди да се пресели на „Етихад“.

Што се однесува до Агуеро, не би имал ништо против да се врати во клубот каде ја доживеа својата фудбалска афирмација и стекна статус на идол.