Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола се откажа од ангажман на Алексис Санчез, иако имаше договор со напаѓачот на Арсенал и трансферот беше пред реализација, пренесуваат медиумите на Островот.
Според последните информации каталонскиот тренер и челниците на клубот од „Етихад“ ги прекинале преговорите бидејќи се лути на менаџерите на Санчез.
Имено, Сити имаше усмен договор со менаџерите на Чилеанецот, но во целата приказна се вклучи и Манчестер Јунајтед, па агентот на Санчез им соопшти на „граѓаните“ дека „црвените ѓаволи“ нудат многу подобра плата.
Ваквиот став ги налути „граѓаните“ кои одлучија да ги прекинат преговорите.
Manchester United players can send Arsenal star Alexis Sanchez transfer message https://t.co/meS77zUuxz #ManUtd #MUFC
— Man Utd News (@ManUtdNews365) January 15, 2018
Според англиските медиуми Санчез сега е на чекор од „Олд Трафорд“ каде ќе заработува 400.000 фунти неделно, а трансферот би требало да се комплетира до крајот на неделата.
29-годишниот напаѓач во Арсенал пристигна од Барселона во 2014 година и се етабираше како еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата.