Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После шокантниот пораз од Норвич менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола иронично ја честиташе титулата на Ливерпул, пишува Спортски.мк.
„Црвените“ вчера го победија Њукасл со 3:1, а неколку часа подоцна Манчестер Сити беше поразен од Норвич и сега актуелниот шампион е на минус пет бодови од Ливерпул.
„Пет бодови (зад Ливерпул) се пет бодови, но се уште е септември. Што треба да направам? Можеби да кажам: Честито Ливерпул, шампиони сте. Во ниту една секунда не се сомневам во своите играчи“.
Гвардиола одби да ги критикува своите играчи и покрај тоа што грешките беа очигледни, посебно во одбраната, а Николас Отамденди благо кажано беше очаен.
„Фудбалот е брз, работите можат да тргнат во лоша насока и морам да видам што може да се направи за да помогнам. Понекогаш зарабораваме дека и тие се само луѓе. Грешките се случуваат. На Отаменди никој не му кажа дека противнички играч му доаѓа од зад грб“, ги бранеше Пеп своите играчи.
На врвот на табелата сега Ливерпул има максимални 15 бодови, Манчестер Сити 10, додека Тотенхем, Манчестер Јунајтед и Лестер имаат по два помалку. Очекувањата се Ливерпул и Сити и оваа сезона да се издвојат како најсериозни ривали за титулата, а засега тимот на Клоп изгледа по сигурно.