Гвардиола и Салах најдобри во Премиер лигата


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е избран за тренер на месецот во Премиер лигата, трет пат по ред, постигнување кое до овој момент го имаше само Антонио Конте.

Каталонецот стана број 1 за ноември, отако „граѓаните“ победија на сите четири натпревари во првенството – против Арсенал, Лестер, Хадерслфилд и Саутемптон.

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах очекувано беше избран за играч на месецот. Египетскиот репрезентативец постигна седум гола на четири меча и е најдобар стрелец во Премиер лигата со 13 гола.