Спорт

Гвардиола призна: Работата не ми е сигурна, зависи од резултатите!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола призна дека не му е сигурно столчето после неколкуте лоши резултати во Премиер лигата, но смета дека има поддршка од челниците на клубот.

Сити под водство на Гвардиола одлично ја отвори сезоната и забележа стартни 10 победи, но од тогаш славеше само 4 пати на последните 15 натпревари во сите натпреварувања.

„Морам да прифатам дека бележевме лоши резултати минатиот месец и со ваква ситуација се соочувам првпат во кариерата. Долгорочни проекти не постојат во фудбалот, сите веднаш бараат победи, а доколку ги нема тогаш си во неволја. Мора да се победува бидејќи во спротивно пристигнува твоја замена. Таквите работи се случуваат во тренерскиот свет, а одлуката е на управата на клубот. Чувствувам дека ја имам поддршката на челниците на клубот, но мојата позиција зависи од резултатите“, истакна Гвардиола.

Гвардиола во претходните два клуба кои ги водеше, Барселона и Баерн, беше доминантен во тамошните шампионати, но англиската лига е значително потешка.

„Не сакам да го напуштам Сити. Никогаш не сум добил отказ, па верувам дека и во Манчестер Сити ќе го одработам договорот до крај. Сигурен сум дека следната сезона ќе биде подобра, како и таа после неа“, заклучи каталоснкиот стратег.

Advertisements
To Top