Гвардиола понуди 50 милиони за еден од најбараните играчи во Премиер лигата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Холандскиот дефанзивец и член на Саутемптон, Вирџил ван Дијк е дефинитивно најбараниот фудбалер на трансфер пазарот во моментов.

За 25-годишниот дефанзивец инетрес покажуваат Ливерпул, Челзи, Манчестер Јунајтед и Сити и сакаат да го донесат во своите редови уште оваа зима бидејќи сметаат дека ќе биде важна карика во борбата за титулата.

Сепак, првиот чекор го направи Пеп Гвардиола. Англиските медиуми пренесуваат дека утрово Манчестер Сити испратил официјална понуда „тешка“ 50 милиони евра за неговиот потпис.

Сити со доведување на Ван Дијк значително ќе ја подобри одбраната и скок играта, но и ќе им зададе удар на конкурентите за титулата кои исто така го сакаат Холанѓанецот.

Ван Дијк во 2015 година пристигна во Саутемптон од Селтик и оваа сезона се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци на Островот.