Гвардиола плаќа „безобразна“ сума за ѕвездата на Кристал Палас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити само што ја освои титулата во Премиер лигата, а менаџерот Пеп Гвардиола веќе крои планови за следната сезона.

Англиските медиуми пренесуваат дека прва цел на „граѓаните“ ова лето ќе биде универзален фудбалер, кој може да игра на сите позиции во нападот.

Откако во јануари ја загуби битката за потписот на Алексис Санчез, сега Гвардиола се насочува кон ѕвездата на Кристал Палас – Вилферд Заха.

Заха оваа сезона игра фантастично и го привлече вниманието на сите големи англиски клубови, а Гвардиола е спремен да ја победи конкуренцијата со богата понуда.

Имено, Кристал Палас за слободата 25-годишниот фудбалер бара 50 милиони фунти, сума која Манчестер Сити е спремен да ја плати.

Тоа предизвика полемика во англиската јавност, бидејќи многумина сметаат дека таа сума е превисока за фудбалер кој оваа сезона има статистика од седум гола и четири асистенции.