Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мохамед Салах беше избран за најдобар фудбалер оваа сезона во Премиер лигата, но менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е убеден дека тоа не е вистинскиот избор.
Според Гвардиола таа награда требаше да заврши во рацете на неговиот пулен, Кевин де Брујн.
„Од моја гледна точка, кога ќе ги анализирате изминатите десет месеци, нема подобар од Кевин во смисла на упорност. Може да има други играчи со подобри показатели од него, но генерално, немаше подобар од него во сезоната. За мене Де Бруин е бр. 1. Сакав да победи, но на крајот, ќе се врати дома како шампион“, изјави Гвардиола.
Белгискиот репрезентативец се најде на второ место во анкетата, а веднаш по него беа поставени уште двајца играчи на Сити, Давид Силва и Лерој Сане.