Гвардиола не престанува да се воодушевува од Меси: Би сакал да влезам во неговиот мозок!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пеп Гвардиола сигурно повторно би сакал да го има Лионел Меси во својата соблекувална за кого мисли дека и понатаму е најдобар фудбалер во светот.

Во периодот помеѓу 2008 и 2012 година Гвардиола соработуваше со Меси во Барселона и во тој период освои три титули во Примера и два пати го крена трофејот во Лигата на шампиони.

„Лео е многу квалитетен фудбалер, кој за мене е еден од најголемите атлети на сите времиња. Би сакал да можам да го отворам неговиот мозок за да разберам како го издржува тој притисок. Најголемата предност е да го имаш Лео во составот, а тоа го знаат и другите десет фудбалери. Кога тој е дел од тимот на теренот јасно е дека порано или подоцна ќе ја заврши работата“, изјави Гвардиола.

„Додека бев негов тренер и ја планирав тактиката си помислив: „Ќе направиме така што топката ќе стигне до Меси и тој ќе постигне гол. И тоа е“. Само најдобрите на сите времиња можат да го направат тоа. Незамисливо е како на секои три дена тој излегува на терен и се претставува на такво ниво. На секои три дена… Тоа е брутално. Нема друго човечко суштество кое може да го понесе тој притисок“.

„Во принцип јас сум и голем фан на кошарката и затоа како играч станував во четири часот дури и да имавме тренинг наутро. Го правев тоа за го гледам Мајкл Џордан бидејќи не можев да си дозволам нешто да пропуштам од него додека уште играше. Сега е истото. Нема како да ги пропуштам натпреварите на Меси бидејќи тој е многу добар. Ние сме среќници бидејќи можеме да го гледаме. Со секоја измината година си мислиш дека тој станува само посилен“, заклучи каталонскиот стратег.