Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола категорично ја отфрли можноста „граѓаните“ да го ангажираат Антоан Гризман.
Францускиот напаѓач јавно откри дека неговата авантура во Атлетико е завршена и дека ова лето ќе ја промени средината, а неговата откупна клаузула изнесува 120 милиони евра.
Барселона се смета како главен кандидат за потписот на Гризман, но интерес кон него покажуваат уште Пари Сент Жермен и Манчестер Сити.
„Манчестер Сити нема да го ангажира Гризман. Не можиме да си го дозволиме во овој момент. Барселона нема за што да се грижи“, изјави Гвардиола.
Шпанските медиуми тврдат дека Гризман веќе го избрал новиот клуб и наводно постигнал комплетен договор со Барселона, а во наредните денови ќе следува официјализација на трансферот.