Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека е премногу рано да се зборува дека неговиот тим е најдобриот во историјата на Премиер лигата.
„Граѓаните“ веќе се сигурен шампион оваа сезона, откако срушија три рекорди во првенството за најмногу постигнати голови, најмногу победи и најмногу освоени поени. Тимот може да ја заврши сезоната со 100 бода, ако успее да го победи Саутемптон во последниот коло.
„За да бидеме најдобри во историјата, мора да продолжиме да победуваме. Ако сакаме да сме рамо до рамо со Ливерпул и Манчестер Јунајтед, треба да постигнеме уште многу. Многу пати сме кажале дека се обидуваме да напишеме нова страница во англискиот фудбал. Сите ги паметиме 80-те, кога Ливерпул доминираше во Англија, потоа во 90-те беше Алекс Фергусон, за кого се радувам што излегол од интензивна. Од гледна точка на бројките, ние сме најдобри во оваа сезона и тоа не радува. Можеби еден ден друг тим ќе постигне нешто повеќе, но ќе мора многу да се потрудиме“, изјави Гвардиола.
„Ние одигравме многу силна сезона, срушивме доста рекорди, ја задржавме посотојаноста, освоивме 97 бода, тоа е доказ колку добро сме се претставиле. Сега има уште еден натпревар и ќе се обидеме да стигнеме до 100 бида, за да ја завршиме позитивно оваа речиси совршена сезона“, заклучи каталонскиот стратег.