Гвардиола најде дефанзивец – ја плаќа клаузулата!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека дефанзивецот на Атлетик Билба, Емерик Лапорте ќе биде првото засилување на Манчестер Сити во летниот преоден рок.

Францускиот Баскиец игра одлично во дресот на Билбао и е на мета уште на Барселона, Реал Мадрид и Баерн но до сега одолеваше на нивните понуди.

Медиумите тврдат дека Лапорте веќе одлучил каде ќе ја продолжи кариерата и се договорил со Манчестер Сити, а „граѓаните“ се спремни да ја активираат откупната клаузула во неговиот договор.

Во новиот договор кој Лапорте го потпиша минатата година има откупна клаузула која изнесува 65 милиони евра, што 22-годишниот стопер ќе го направи најскап дефанзивец во историјата на фудбалот.

Гвардиола смета дека Лапорте ќе биде одличен партнер на Стоунс и долгорочна инвестиција за Сити кој ќе има двајца млади и перспективни стопери.