Гвардиола јавно му даде „корпа“ на Јувентус


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола денес јавно ја отфрли можноста да се пресели на клупата на италијанскиот шампион Јувентус.

Откако денес стана јасно дека Макс Алегри сигурно ќе го напушти Јувентус, медиумите веднаш почнаа да пишуваат дека прва желба на раководството на „старата дама“ е токму Пеп Гвардиола.

Меѓутоа, каталонскиот стратег веднаш им стави крај на шпекулациите и истакна дека сигурно останува на „Етихад“.

„Колку пати треба да кажам? Нема да одам во Јувентус или во Италија“, изјави Гвардиола и додаде:

Имам уште две години од договорот со Манчестер Сити. Нема да си заминам затоа што сум задоволен од работата овде. Следната сезона ќе бидам тренер на Манчестер Сити“, јасен беше каталонскиот стратег.

Во меѓувреме обложувалниците најголеми шанси за нов тренер на Јувентус им даваат на Маурицио Сари, Дидие Дешамп и Симоне Инзаги.