Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола нема проблем да признае дека градскиот ривал Јунајтед има трофејна историја, со каква можат да се пофалат само неколку европски клубови.
„Ние немаме историја и титули како што имаат Барселона, Реал, Јувентус, Баерн или Манчестер Јунајтед Ние мораме да се обидеме да бидеме секоја година во Европа во наредната деценија. Тоа е најважното за клубот, поважно дури и од освојувањето на титули“, тврди Гвардиола.
Трофејниот тренер вели дека до тоа може да се дојде само доколку во Сити се функционира како што треба.
„Тактиката е важна, бидејќи секој на терен мора да знае што прави. Односите меѓу играчите и надвор од теренот мораат да бидат најдобри. Сето тоа е важно. Начинот на живот, приватниот живот, односот према медиумите. Ние мораме да ги убедиме сите дека ова е фантастичен клуб, Навивачите, клубот, играчите, сите мораме да ги убедиме“, заклучи Пеп.